Како вашата спална соба да ја претворите во рустична оаза?
5. Во деталите се крие целата филозофија на уредување на домот. Кога сакате на една просторија да ѝ дадете еден ваков изглед, морате да го искористите и она што веќе сигурно го имате во вашата куќа, а тоа е кинескиот порцелан кој долго време не се користел, но неговата популарност е сѐ поголема и поголема.
6. Искористете и некои „надворешни“ елементи и детали. Земете корпа и некое столче кое стоело во градината или на терасата, бојадисајте ги во природна кафеава боја, лакирајте ги и користете ги како вазна за цвеќе или пак, место на кое ќе ги оставате вашите алишта, накит и слично.
7. Бидејќи вашата соба не може да биде без гардеробер или некоја комода, особено не собата која изгледа рустично, ќе ви биде потребен некој стар гардеробер. Мала измена можете и самите да направите, а ќе добиете сосема ново, одлично парче мебел кое ќе придонесе за удобноста во собата.
8. Цвеќето е составен дел од секој ентериер, без оглед на тоа каква „вибрација“ и изглед сакате да постигнете. Овој пат, бидејќи станува збор за едно уредување што остава впечаток на природност, цвеќето ставете го во некоја кристална вазна или стар порцелански чајник. Секое парче направено од порцелан може да заврши работа.
9. Ноќната масичка, секако, е задолжителен предмет покрај вашиот кревет. Сега ги исклучивме оние кои имаат фиоки, со минималистичка ламба на нив, бидејќи ќе ви биде доволна дури и мала столица на расклопување, која можеби ја имате во домот на вашата баба, а која можете да ја искористите за ставање на книгите кои ги читате пред спиење, мала вазна со цвеќе, бокал вода и слично.