Како би изгледале кариерите на принцезите од Дизни во 2018-та година?
7. Заспаната убавица: Сопственик на компанија за кафе
„Аурора знае колку е тешко да се разбудите. Откако се разбудила од својот сон, таа сакала да им помогне на другите да останат будни, а за тоа нема ништо подобро од кафе.“
8. Тијана: Готвач во врвен ресторан
„Инспирирана од готвењето на татко ѝ, Тијана отсекогаш знаела што сака да прави. Таа е на врвот во кулинарскиот свет и е сопственик на еден од најпопуларните ресторани.“
9. Пепелашка: Активист за правата на животните
„Пепелашка не би била овде без помошта од животните. Таа сака животните да бидат третирани со почит. Ја искористила нејзината позиција за да основа непрофитна организација за правата на животните.“
10. Моана: Офицер во морнарица
„Морето отсекогаш ја повикувало Моана. Тоа ја научило дека таа е роден лидер. Користејќи го ова, таа станала успешна во морнарицата и сега е командант.“
11. Ариел: Поп ѕвезда и продуцент
„Ариел отсекогаш била музикална со неверојатен талент за пеење. Бидејќи била најталентирана од своите сестри, го искористила тоа и направила кариера. Сега таа е автор и продуцент на сопствените песни.“
12. Снежана: Психолог
„Снежана отсекогаш била грижлива и им помагала на оние на кои им е потребна помош. Користејќи го ова во комбинација со напорна работа, таа го заработила својот докторат по психологија и е една од најдобрите во полето на менталното здравје.“
13. Рапанзел: Невролог
„Рапанзел отсекогаш имала моќ да лекува. Откако го спасила својот сопруг и повторно се обединила со своето семејство, таа отишла да студира медицина. Нејзината специјализација е неврологија и е најдобра во својата област.“
Погледнете и како изгледаат принцезите од Дизни без шминка.
Мала сугестија: Рапунзел всушност може да се преведе како Златокоса, на пример.
Поздрав