Како би изгледале државите ако беа луѓе? - Part 2

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

6. Мексико

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Бидејќи живеам во Русија, знам многу малку за Мексико и тоа претежно стереотипи. Па, во моите мисли, Мексико е жена – дилер на дрога, убава и злобна. Висока и слаба, сака да носи машка облека. Горниот дел од телото ѝ е покриен со тетоважи од Маите и Ацтеките. Сака да биде елегантна и не си ги валка рацете – тоа го прават работниците. Но кога мора да го направи тоа, ќе биде крваво и болно. Змијата е вистинска и отровна. Има територијални проблеми со Америка, но мора да ја спознае својата сила. Можеби ќе кажете дека соработуваат, но веројатно би се убиле едни со други.“

7. Англија

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Ме замолија да не користам премногу стереотипи за Англија со чај и со кралското семејство. Затоа и тргнав во друга насока. Англија е згоден, горд, љубоморен и импулсивен маж. Се сеќава на неговата моќ, но тоа не го прави слеп или глупав. Тој е постариот брат на Америка, иако чувствата се подлабоки. Тие доаѓаат од големо европско семејство. Америка била испратена во Новиот свет за да го освои и да ја прошири славата на брат си. По некое време станала премногу голема и искусна, па ѝ се појавило слободно мислење. Англија има булдог наречен Черчил кој пие и пуши. Косата му е дива и црвена бидејќи е бунтовник. Сака да се бори со своите раце кои можат да емитираат жешка и ладна енергија.“

8. Израел

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Израел е девојка-војник. Таа е стара, но бидејќи е мала, постојано е уништувана, само за повторно да се роди по неколку генерации. Таа е навистина позитивна, а градењето, истражувањето и јадењето ѝ се омилени нешта. Семејството ѝ е во воено поле и Израел мора да го заштити она што ѝ останало. Таа е чувствителна и импулсивна кога станува збор за врските со другите држави. Сака да биде прифатена на Запад иако живее на Исток. Бидејќи е премногу мала за да победи сама, таа го користи својот мозок и секогаш ја има предноста на технологијата. Ако е можно, се бори оддалеку со нејзината автоматска армија.“

9. Русија

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Студена, искрена и со дипломатски вештини од канализацијата. Сепак, ако ја познавате подобро ќе ви стане јасно дека може да биде навистина топла. Носи неверојатен оклоп, бидејќи постојано војува. Сака блиска и лична борба, особено кога нема никакви шанси, за време на зимите и секако, кога е херојска. Може да пука, но не гледа забава во тоа. На нејзиниот меч е изгравиран зборот „пиздек“ кој го симболизира рускиот живот во секоја ера.“

10. Германија

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Тој е тевтонски војник и тоа навистина голем. Германија е чист, организиран и модерен маж, па носи механички оклоп. Нешто како оклопот на Ајронмен, но со поголема прецизност. За разлика од минатото, сега почесто се бори на далечина за да остане чист. Има крилја на неговиот грб, како и секој механички оклоп.“

Погледнете ги и овие интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Dejan Reply

    Top!

Остави коментар