Инстаграм профил кој ќе ве натера да се заљубите на прв поглед: Овошјето никогаш не изгледало толку привлечно
Ако сте едни од оние луѓе што не можат да се контролираат во близина на чоколадо, а свесни сте дека количината шеќер што тоа ја содржи не ви влијае добро, како на вашиот организам така и на вашата линија, тогаш за вас го пронајдовме идеалниот Инстаграм профил од кој ќе добиете оригинални идеи за вашата дневна доза здрав шеќер.
Инстаграм профилот „Foodbites“ објавува фотографии од десерти кои се неверојатно примамливо аранжирани и здрави. Во рецептите како главна состојка се користи свежото овошје кое се сложува во естетско привлечни аранжмани во различни облици и бои.
Освен овошјето кое е во главна улога во скоро секој рецепт, повремено можете да наидете и на рецепти во кои се наоѓаат и зеленчуци.
Следниот пат кога ќе ви падне шеќерот, или само барате инспирација за десерти кои сакате да ги подготвите за вашите најблиски, тогаш задолжително посетете го овој Инстаграм профил.
Продолжете на следната страница за преостанатите идеи и пронајдете ја вашата инспирација во изобилството на бои и креации.