Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Лекарите во рурална Руанда сега можат да порачаат крв и медицински лекови по порака кои им се доставени со дрон.

Џиновските панди повеќе не се во опасност и Кина ќе изгради огромен парк за нивна конзервација кој чини 1,5 милијарди долари.

Франција стана првата држава во светот што ги забрани сите пет пестициди што убиваат пчели.

Популацијата во данските затвори е најниска во Европа и тамошните затвори се претворени во домови за бегалци.

Забраната за возење на жените во Саудиска Арабија официјално е завршена. За прв пат во историјата жените од Саудиска Арабија можат да седнат зад волан.

Продажбата на безалкохолни пијалаци во САД паѓа веќе 12-та година по ред, благодарение на едукацијата на потрошувачите и новите даноци за шеќер.

Смртта од рак на дојката е намалена за 39%, спасувајќи ги животите на 322.600 жени.