Гламурозен мебел со кристали од Сваровски
Кога станува збор за луксуз, германскиот производител Bretz дефинитивно го има клучот за успехот.Оваа колекција е направена според традиционален дизајн на мебел, но изработен е со специфични материјали.Бојата на мебелот е многу несекојдневна, златно-жолта, која ви дава чувство како да живеете во некое луксузно кралство.Рачно изработени и обвиени со кожа, софата, долгата табуретка, фотелјата, столот и кружното столче, не само што блескаат како сонцето и внесуваат гламур во дневната соба, туку се и украсени со парчиња кристали од Сваровски. Ногарките се многу елегантни и совршено се вклопуваат во целокупниот луксузен дизајн.Овие парчиња мебел зрачат со дрскост, имаат карактер и дефинитивно не се ниту минималистички, ниту неодредени во стилот. Овој мебел не е за сечиј вкус, но доколку сите луѓе би сакале исти работи, тогаш светот би бил многу досадно место, нели!? Театралната ексцентричност на овој златен мебел е направена со вкус и со сигурност ќе му се допадне на секој оној кој сака домот да му изгледа елитно и кралски.Оние „поскромните“, можат да го одберат истиот мебел во бела или црна боја. Кристалите секако ги има и во тие варијанти на бои.
Нешто прекрасно!
Vam vi blagodaram!Navistina nadahnuva!