Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен
„Зад овие фотографии се крие многу истражување – разгледување мапи, месечеви циклуси, сезони и посета на туристи. Денот за фотографирање го поминувам планирајќи композиции, локации и патеки за планинарење. Потоа чекам да зајде сонцето и почнувам со фотографирање. Целата опрема ми е пренослива за да можам да стигнам до подалечни места. Никогаш не фотографирам ако има други луѓе. Важно ми е локацијата да биде далечна и да бидам сам.“
„На една фотографија случајно ја фатив ракетата Falcon Heavy како што излегуваше од атмосферата на Земјата. Ова беше во Аризона.“
Користејќи го дронот за да ги осветли планините, тој почнал да го фотографира патот на светлината користејќи долга експозиција и открил дека ова додава нов елемент на фотографиите.
„Во првиот дел од проектот намерно е отстранет изворот на светлина за да остане само осветлениот пејзаж. Во вториот дел го следи патот на дронот кога го осветлува пејзажот. Една од опциите на дронот е кружно движење околу една точка. Ова беше направено намерно, но целиот процес за мене е експериментален.“
Ефектот на ореол изгледа навистина неверојатно.
Погледнете ги и овие неверојатни фотографии направени со долга експозиција.