Безвремени идеи за уредување на домот - Part 2

Безвремени идеи за уредување на домот

5. Тивка спална соба

6-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Трендот во дизајнирањето на спалните соби кој уште долго време ќе остане на сцената е користењето благи бои. Па така, светлите тонови на сина или сива боја може да создадат смирувачка околина која е најважна точка кога се работи за спалните соби.

6. Винтиџ предмети

7-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

За предметите кои постојат повеќе од 50 години, односно кои се толку долго време популарни, многу се мали шансите дека некогаш ќе излезат од мода. Па така, кожните фотелји или персиските килими се одличен избор доколку сакате да го комбинирате модерното со нешто класично.

7. Бела кујна

11-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Со ѕидови во неутрални бои, темни подови и бела кујна никогаш нема да можете да погрешите. Имајте ги на ум овие три точки додека го дизајнирате просторот по сопствен вкус и ги спојувате со својот стил.

8. Вградени полици

10-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Полиците кои се вградени во ѕидот и кои се полни со книги и лични предмети даваат префинет изглед на домашна библиотека. Исто така, тие заштедуваат голем простор.

9. Камин

13-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Каминот или печката освен тоа што имаат доста конкретна улога, со својот изглед може да придонесат и да го зајакнат рустикалниот стил во вашиот дом. Колку се потребни, толку е и убаво да ги имате, па зошто тогаш не би сте ги искористиле во целост?

На следната страница дознајте ги последните безвремени идеи кои ќе ви помогнат да го претворите вашиот дом во пријатно и удобно место за живеење…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар