15 креативни билборди ширум светот
8. Виски Maker’s Mark, САД
Овде може да се види како се истура вискито од шишето, врз камион. Рекламата е во право. Потребен ви е полн камион за да се чувствувате исполнети. Пијте одговорно.
9. Најк, Канада
Насловот „Подготвени за вашите: 45?“ се однесува на просечното време кое хокеј играчот го троши на ледот во една смена. Очигледно билбордот е влечен од брод, но фотографијата на на него всушност покажува дека човекот го влече бродот. Со други зборови, тој тренирал со Најк опрема и е подготвен за неговите 45…
10. Адидас, Виена
Овој билборд бил прикажан само пред почетокот на турнир во фудбал во 2008 година во Виена. Човекот е голманот Петр Чех и билбордот е ставен директно во предниот дел на панорамското тркало Пратер. Како резултат на позиционирањето, изгледа како Петр Чех да го поддржува тркалото.
11. UTEC, Перу
Овој билборд бил создаден како решение за еден проблем. Во Лима, Перу, многу луѓе страдаат поради недостатокот на вода за пиење. Како одговор на тоа, UTEC соработувале со рекламна фирма за да создадат билборд кој може да произведува вода за пиење од водената пареа во воздухот. Билбордот произвел 9.450 литри вода за пиење само во првите 3 месеци.
12. Бритиш Ервејс, Лондон
Малото момче покажано во овој дигитален билборд знае кога лета авион на Бритиш Ервејс над неговата глава. Како што лета авионот, момчето станува, покажува кон него и шета низ екранот на билбордот. Момчето се користи за да го привлече вниманието на минувачите.
13. 4Д заштита Орфеа, Италија
Компанијата Орфеа сакала да ја докаже моќта на својот спреј за инсекти. За да ја покаже неговата ефикасност, тие го претвориле билбордот во огромна стапица за инсекти. Дефинитивно, пораката е пренесена.
14. Аполозофи, Велика Британија
За да промовира нова линија производи за коса, оваа компанија создала дигитален билборд со ликот на една жена, која може да каже кога пристигнува возот. Како што тој пристигнува, косата на девојката почнува диво да се разлетува, истакнувајќи го нивниот слоган: „Оживејте ја косата“.
15. Ауди и БМВ, Лос Анџелес
Ова видео ја покажува билборд битката помеѓу компаниите Ауди и БМВ. Тие се конкуренција и на социјалните мрежи побарале мислење од потрошувачите за тоа кој ќе ја добие војната. Погледнете го видеото и пресудете за самите себе!