12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете
7. Камената куќа, Португалија
Оваа куќа е приватна и е опкружена со ограда. Целата куќа е издлабена во камен. Не се знае кој живее овде, но привлекува многу внимание бидејќи сопственикот поставил и знаци на кои пишува „Приватна сопственост“.
8. Квадратни куќи, Холандија
Квадратните куќи во Ротердам се приватни, но нивниот уникатен изглед привлекува многу внимание. Можете да изнајмите некоја од нив и да престојувате во неа.
9. Куќата чевел, Холандија
Оваа куќа се наоѓа во еден парк, и изгледа како од некој цртан филм. А за тоа има причина – ова е домот на Алфред Квак, лик од цртаните филмови во Холандија.
10. Биоморфен дом, Израел
Оваа футуристичка куќа е изградена од францускиот архитект Ефрем Хенри Павије. Куќата е еколошка и изгледа толку добро што секој би сакал да живее во неа.
11. Куќа свртена наопаку, Германија
Една зоолошка во Германија има навистина необична куќа – куќа која стои на покривот. Таа е отворена за посетители, па ако некогаш се најдете во Германија слободно посетете ја.
12. Куќата тоалет, Кореја
Да, постои и оваа куќа. Таа е сместена во Јужна Кореја и има форма на тоалетна шолја. Зградата е отворена за туристи и понекогаш во неа се одржуваат изложби и концерти.
Погледнете ги и овие неверојатни куќи кои се скриени од окото на јавноста.