10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните
6. Цветови од мраз
Овој неверојатен феномен се формира врз тенок мраз кога атмосферата е постудена од мразот. Цветовите често се забележуваат во поларните региони каде што има голема температурна разлика помеѓу мразот и воздухот.
7. Сталактити од мраз
Кога солената вода е постудена и погуста од останатата, таа почнува да потонува и остава трага кога доаѓа во контакт со потопла вода. Замрзнува и убива сè што ќе допре.
8. Непријателски бранови
Овие огромни и спонтани бранови се појавуваат на отворени води. Силните ветришта и струи уште толку ги зголемуваат и претставуваат закана за сè што ќе им се најде на патот.
9. Вртлог
Вртлозите можат да вшмукаат сè околу нив. Иако се опасни и смртоносни, изгледаат навистина неверојатно.
10. Биолуминисценција
Некои морски суштества самите си произведуваат светлина. Нивните хемикалии реагираат со кислородот во атмосферата и создаваат неверојатно светло. Изгледа како ѕвездите да се наоѓаат во океанот.
Океанот е навистина неверојатно место полно со мистерии. Можеби никогаш нема да научиме и да сфатиме сè што се случува во него, но и она што веќе го знаеме е прекрасно.
Ако сакате уште, погледнете ги овие неверојатни океански фотографии кои ќе ви го одземат здивот.