Оваа жена која го пропатувала целиот свет открива кои се нејзините топ 10 дестинации
5. Пакистан
Кејси го препорачува Пакистан доколку сакате вистински да ја доживеете автентичната азиска култура и да ја пробате најдобрата храна што некогаш постоела.
4. Вануату
Посетете ја оваа земја за да видите како се прави кава (традиционален пијалак кој се прави од растението кава) и да ги запознаете најдобрите луѓе на светот.
3. Малдиви
Кејси строго препорачува да уживате во најсините води, најбелиот песок и најубавите плажи на планетата Земја!
2. Бутан
Патот до манастирот Тигрово гнездо (Паро Такцанг) бил како од филмот „Аватар“. Кејси одела по тесно патче минувајќи низ ниски облаци. Знамињата на верниците се вееле низ боровите дрвја, а ветрето ги вртело нивните тркала. Го поминала мостот преку водопадот и влегла во една од одаите каде што била сосема сама. На прсти ги поминала запалените свеќи и свети мошти и застанала крај прозорецот за да се воодушевува на широката хималајска долина од 600 метри височина.
1. Монголија
Тука ќе можете да бидете сосема сами во чиста природа и да јавате диви коњи. Кејси открива дека Монголија е едно од најубавите и најмирните места што ги посетила за време на нејзината експедиција.
Листата на Кејси докажува дека земјите што никогаш не би ви ни паднало на памет да ги посетите, вреди да се истражат поради драгоцените искуства и убавини што ги нудат. Можеби нема да можете сите одеднаш да ги посетите, но ако имате можност да отидете на подалечно патување, дефинитивно треба да ги земете предвид нејзините предлози.
Доколку обожавате возови, погледнете кои се најубавите места за патување со воз.