Живот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профил
„Го избришав за да се излечам од депресија. Воопшто не ми помагаше тоа што ги гледав поранешните партнери и луѓето со кои сум била блиска како продолжиле со нивниот живот, така што го избришав и сега сум многу посреќна. А времето што сега не го трошам на Фејсбук го искористив за да најдам втора работа.“
„Едноставно имаше премногу информации. Ги сакам моите пријатели, ама не ме интересираат нивните политички убедувања.“
„На секои неколку месеци бришев дел од пријателите или ги криев објавите на луѓето кои ме нервираа. Еден ден сфатив дека сите ме нервираат…“
„Мајка ми почина и одеднаш сите почнаа да ми изразуваат сочувство кое ниту ми требаше ниту сакав да го добивам од луѓе за кои воопшто не ми беше гајле.“
„Ми здодеа да ги гледам сите тие фотографии од луѓе како јадат и од нивните новороденчиња.“
„Постојано го проверував профилот на Фејсбук на бившиот.“
„Видов фотографии од мојата сега поранешна девојка, пијана и полу-гола на куќна забава, а ми кажа дека ќе биде кај нејзините родители цел викенд…“
„Фејсбук не ви помага да останете во контакт со пријателите, туку со сликата што тие сакаат да ја претстават за себе. Го добивате само она што тие ви го даваат, а тоа се живи глупости. Премногу е егоистично сето тоа. Луѓето се фотографираат што и да прават, само за да имаат што да објават на Фејсбук и да привлечат внимание.“
„Има премногу лажни информации. Не сакам да читам глупави инспиративни цитати за тоа како да станам подобра личност.“
„Моето мислење за себе почна да зависи од бројот на лајкови што ги добивав…“
„Сите се политички експерти на Фејсбук. Не можев да го поднесам тоа.“
„Лажната среќа на луѓето почна да ми предизвикува љубомора.“
„Ми се смачи од мојата девојка која користи Фејсбук по цели денови. Постојано ме проверуваше за да види дали се допишувам со други девојки, а јас само ги прелистував објавите на моите пријатели исто како и таа!“
„Се разбудив едно утро и видов дека имам 14 известувања за луѓе и работи кои воопшто не ме интересираа. Го избришав профилот и продолжив да спијам. Најдобрата одлука што некогаш сум ја направил.“
„Секоја Фејсбук објава им служи на луѓето или да се пофалат или да се пожалат. Тоа се двете работи што најмногу ги мразам. Кога го сфатив ова, лесно беше да го избришам мојот профил.“
„Не можев да ги поднесам граматичките грешки на луѓето. ’Незнам’ наместо ’Не знам’, ’Мој’ наместо ’Мои’, ’Сватив’ наместо ’Сфатив’… Тоа беше премногу за мене.“
„Не можев веќе да ги гледам сите тие фотографии од бебиња.“
„По природа сум негативна личност, а тоа што секојдневно ја гледав лошата страна на луѓето воопшто не ми помагаше. Освен тоа, постојано кликав на некои глупави статии и налетував на тотално неинформирани политички мислења.“
„Луѓето постојано се фалат за нивниот успех или пак, пишуваат статуси за тоа колку се депресивни поради нивните неуспеси. Тажно е да се чита тоа секој ден.“
„Го избришав профилот на Фејсбук затоа што почнав да ги мразам луѓето кои вистински ми значеа. Луѓето не се такви какви што се претставуваат на Фејсбук, барем би сакал да верувам во тоа. Освен тоа, ме нервираше тоа што постојано ја отворам оваа апликација. Неколку дена откако ја избришав сфатив дека времето што сум го трошел на Фејсбук, сега го користам многу попродуктивно.“