25 работи што не треба да ги направите пред да наполните 25 години
11. Не мора постојано да вежбате и да држите строги диети
Супер е тоа што сакате да вежбате и да се храните здраво, но постои веројатност дека нема секогаш да бидете расположени да се придржувате до планот. Во такви моменти во ред е да се почестите со вашето омилено чоколадо.
12. Не мора целосно да го исфрлите алкохолот од вашиот живот од здравствени причини
Понекогаш сѐ што ви е потребно е чаша вино (или две-три).
13. Не мора да бидете популарни на социјалните мрежи
Се прашувате како некоја ваша пријателка има по 500 лајкови на една слика, а вие одвај собирате 50. Не заборавајте дека квалитетот на човекот не се мери според бројот на лајкови или следбеници на Инстаграм. Не мора да започнете сопствен блог и да пишувате статии само затоа што тоа е модерно. Социјалните мрежи не се за сите.
14. Не треба целосно да се откажете од социјалните мрежи
Секако дека не мора да имате повеќе од 500 пријатели на Фејсбук или лајкови на секоја можна објава, но понекогаш убаво е да ги зачувате важните настани од вашиот живот. Истражувањата покажале дека луѓето кои секојдневно ги документираат работите што им се случуваат на социјалните мрежи имаат подобра меморија.
15. Не мора да останете во контакт со вашите колеги од факултет
Сте си ветиле дека ќе продолжите да одите на кафиња и редовно да се слушате, но обврските си го прават своето. Не мора да имате време за сите луѓе од вашиот живот.
16. Не мора да штедите
Не постои правило кое вели дека треба да го намалите бројот на кафиња што ги пиете секојдневно за да заштедите пари. Интернетот е преполн со смешни совети според кои треба да се откажете од некои ситници што ви причинуваат задоволство и кои наводно не ви се потребни. Можеби навистина не се потребни, но која е поентата на животот доколку не можете да уживате во него?
17. Не мора да се ослободите од сите ваши лоши навики
Секогаш треба да се стремите кон тоа да бидете подобри, но тоа не значи дека мора да го средите вашиот живот додека да наполните 25 години. Имате цел живот пред вас за да работите на себе.
18. Не треба да тагувате поради вашата неостварена љубов
Ако вашите сакани ве напуштиле и решиле дека не сакаат да бидат дел од вашиот живот, тоа значи дека така требало да биде и веројатно ви направиле услуга.
19. Не треба да прифаќате нечии совети поврзани со големи животни одлуки
Без разлика дали станува збор за вашите родители, најблиски пријатели или сакани, единствените совети што треба да ги послушате кога се работи за донесување значајни одлуки се вашите сопствени. Ако сакате да се запишете на постдипломски студии, запишете се, но не поради тоа што вашите родители ве притискаат да го сторите тоа.
20. Не мора се грижите за плаќањето даноци
Затоа се тука вашите родители. Со текот на времето ќе научите како сами да се справувате со тоа, но зошто да не ја одложите оваа обврска уште малку?!
21. Во ред е ако се будите мамурни во недела наутро
Сте планирале да се разбудите свежи и наспани во недела наутро за да можете максимално да го искористите последниот ден од неделата, но нешто тргнало наопаку. Во последен момент сте решиле да излезете и сте „заглавиле“ до раните утрински часови. Чувствувате грижа на совест и си ветувате дека тоа нема да ви се случува повеќе. Нема потреба од тоа. Ослободете се од чувството на вина за вакви работи.
22. Не мора да станувате на изгрејсонце за да вежбате
Им се поклонуваме на луѓето кои можат да станат во 5 часот наутро и денот да го започнат со утринска гимнастика наместо со кафе. Но, сосема е во ред доколку вие не сте едни од нив. Не се форсирајте себеси да станете нешто што не сте.
23. Не мора да се занимавате со рачни изработки само затоа што сите го прават тоа
Ве фасцинираат сите тие уникатни рачни изработки на Пинтерест, но реалноста е дека нема магично да се здобиете со занаетчиски вештини само затоа што сте поминале цел ден во разгледување рачно изработени предмети.
24. Не мора да научите како да ги поправате работите во домот
Ви капе чешмата? Ви се дупнала гумата од автомобилот? Супер е тоа ако самите можете да се погрижите за овие работи, но не морате доколку не знаете. Токму затоа постојат луѓе кои се занимаваат со тоа. Независната жена не мора да знае како да ги поправа расипаните работи во домот. Исто така, не мора да готвите цело време само затоа што сега сте возрасни. Смеете да нарачате храна, доколку не сте расположени за готвење. Никој нема да ве осудува.
25. Не мора да имате 5 или 10-годишен животен план
Секако дека можете да ги запишете вашите животни цели. Животот е поубав кога постои нешто кон кое се стремите и кое ве мотивира да продолжите напред. Но, не се разочарувајте ако работите не одат според планот. Нормално е да се случува тоа понекогаш, само преминете на план Б (или план Ш).