Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак
Стрелец: Тед Банди
Стрелецот е знак кој е многу тешко да се задржи на едно место, а Тед Банди е совршен пример за тоа со оглед на тоа што два пати успеал да избега од затвор и извршил уште повеќе убиства. Стрелците се многу друштвени и шармантни, па затоа не е ни чудно што Банди им приоѓал на жртвите на јавни места, успевал да ја придобие нивната доверба за да може да ги однесе во изолирани области каде што сексуално ги напаѓал и убивал. Стрелците се познати по нивниот натпреварувачки дух, а тоа го потврдува и навиката на Тед Банди да ги чува главите на неговите жртви како трофеи.
Јарец: Џон Џорџ Хеиг, познат како „Убиецот со киселинска бања“ (The Acid-Bath Murderer)
Јарците посветуваат многу време на нивната кариера, така што ако тие решат дека ќе се занимаваат со масовно убивање, ќе го направат тоа поради пари. Џон Хеиг, на пример, знаел како да заработи од неговиот морбиден талент. Тој ги шармирал богатите луѓе и ги убедувал дека е успешен бизнисмен. Потоа, ги носел жртвите во напуштен магацин каде ги убивал. Телата им ги разредувал во сулфурна киселина и потоа им ги фалсификувал документите за да може да продаде сѐ што е во нивна сопственост и да им ја украде животната заштеда.
Водолија: Боб Бердела, познат како „Касапот од Канзас“ (The Kansas City Butcher)
Водолиите сакаат да експериментираат и да измислуваат нови работи. Тие се како лудите научници во зодијакот. Според тоа, не е никакво изненадување тоа што кога полицијата конечно го уапсила Бердела поради тоа што киднапирал, мачел и убил шест мажи, исто така нашла и повеќе од 200 фотографии од неговите жртви и разни направи за мачење. Наводно, Бердела ги мачел жртвите со тоа што вршел експерименти на нив. Тој користел разни методи, а во еден случај ставил лопатка на окото на еден млад човек и го изложил на електричен шок за да го ослепе, но не успеал. Тој се сметал себеси за морбиден научник.
Риби: Џон Вејн Гејси, познат како „Кловнот убиец“ (The Killer Clown)
Рибите се сметаат за самопожртвувани идеалисти и големи сонувачи. Но, темната страна на овие особини е веројатноста нивните идеали да преминат во деструктивни фантазии. Џон Вејн Гејси убивал на хуманитарни настани и детски роденденски забави, облечен како кловнот Пого, лик кој самиот го измислил. Гејси не можел да ја прифати неговата хомосексуалност, па можеби затоа сексуално нападнал и убил 33 момчиња кои ги закопал во неговиот дом. Целта на овој хороскопски знак е да ги живее своите соништа, но во случајот на Џон Вејн Гејси „соништата“ се претвориле во ужасен кошмар.